Сер Алекс Фергусон се враќа во Манчестер јунајтед на официјална позиција, откако извршниот директор на клубот, Ричард Арнолд формираше посебно советничко тело во клубот. Во него ќе учествуваат и поранешниот капитен на клубт, Брајан Робсон, како и поранешниот генерален директор, Дејвид Гил.
80-годишниот Фергусон и Гил останаа во бордот на директори по заминувањето од клубот во 2013 година, но тоа беше само симболична позиција, додека главните одлуки ги носеше поранешниот директор Ед Вудворд.
Новиот директор Арнолд сака да го искористи искуството на Фергусон и на Гил. Фергусон беше 26 години во Јунајтед освојувајќи 38 трофеи, а 64-годишниот Гил помина 16 години како извршен директор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













