Хрватскиот првак Динамо Загреб направи сензација на стартот на Лигата на шампионите откако на „Максимир“ го совлада англискиот премиерлигаш Челси со 1-0. Мислав Оршиќ го постигна победничкиот гол во 13.минута кога успеа да го надмудри Кепа Аризабалага.
Аријан Адеми „изгина“ на средината на теренот во безброј дуели со противничките фудбалери, а Стефан Ристовски ја погоди гредата со неверојатен шут во 56.минута. Кепа го одбрани ударот, а потоа топката удри во гредата и се врати во поле.
Во финишот, Рис Џејмс го погоди дирекот од голот на Динамо Загреб, но триумфт му припадна на хрватскиот првак.
Борусија Дортмунд очекувано славеше над ФК Копенхаген со 3-0. Марко Ројс и Рафаел Гереиро стрелаа во првиот дел, а Џад Белингам го постави конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













