
Големо изненадување се случи на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Валенсија славеше со 1-2 против Реал Мадрид и направи важен чекор кон обезбедување опстанок во Ла Лига. Ова е прва победа за „лилјаците“ на мадридска почва по цели 16 години – последен пат триумфираа во 2008 година. Тоа е секако и огромен удар за шампионските амбиции на Реал мадрид.
Иако македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски остана на клупата, неговиот колега Ѓорѓи Мамардашвили беше јунакот на вечерта. Во 13. минута го фати пеналот на Винисиус Жуниор и ја задржа мрежата недопрена, а само две минути подоцна Муктар Дијакаби го казни Реал со погодок за водство од 0-1.
Реал се врати во игра во 50. минута, кога Винисиус Жуниор се оддолжи со гол за израмнување. Се чинеше дека домаќините ќе направат целосен пресврт, но Валенсија одолеа на сите налети.
И кога сите очекуваа крај и поделба на бодовите – Хуго Дуро се појави во 95. минута и со прецизен удар ја замолкна „Бернабеу“, донесувајќи сензационална победа за гостите и многу важни три бода во борбата за опстанок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
