
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, беше главна тема во летниот преоден рок, но и сѐ уште го „дрма“ клупскиот фудбал.
Вистинска сага се оформи околу офанзивецот, бидејќи за него имаше понуди од Челси и од клубови од Саудиска Арабија, но договор никогаш не беше постигнат.
Наполи го отстрани Осимен од првиот тим, па дури и го зеде неговиот број на дресот, со што јасно покажа дека повеќе нема да игра за клубот. Напаѓачот е бесен и бара одлука каде ќе игра до јануари за да не го загуби натпреварувачкиот ритам.
Вистинска сензација се подготвува од Турција, каде Галатасарај планира да ја доведе нигериската ѕвезда.
Виктор Осимен се согласи да се пресели во турскиот клуб на позајмица, а делегацијата на Галатасарај веќе е во Неапол каде што почнаа преговорите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal