Дербито на шестото коло од Првата фудбалска лига меѓу Шкендија и Шкупи ќе се одигра утре на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 15 часот. Овој натпревар беше откажан во неделата поради трагедијата што се случи во градот Тетово, каде 14 луѓе ги загубија животите по експлозија во модуларната ковид болница.
Шкупи е подготвен за надигрување, порачува дефанзивецот Фаустин Сенгор.
„Утрешниот натпревар ќе биде вистинско дерби, тежок и неизвесен дуел, но ние сме добро подготвени. Ќе биде тешко да се игра поради трагедијата што се случи во градот Тетово пред неколку дена. Сепак, ние ќе отпатуваме со цел да освоиме три бода и да се вратиме на врвот на табелата“, вели Фаустин Сенгор.
Шкупи има три победи во последните четири кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













