Connect with us

Семејството на Пеле ќе го мине Божиќ со него во болница

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле се бори за живот, а неговите деца дојдоа во болницата каде е сместен за да го поминат Божиќ заедно, објавија на социјалните мрежи. Пеле (82), кој боледува од рак на дебелото црево од септември 2021 година, на крајот на ноември беше префрлен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.


Неговиот син Едињо на Инстаграм објави фотографија на која го држи татко му за рака со порака: „Тато, мојата сила е со тебе“. Едињо, техничкиот директор на фудбалскиот клуб Лондрина, во јужната бразилска држава Парана, им се придружи на своите сестри Флавија и Кели, кои во последните денови често беа со својот татко во болница.


Во петокот, Кели на Инстаграм објави фотографија на која се гушка со својот татко во болничкиот кревет.


Неговите лекари во средата објавија дека болеста напредува и дека Пеле има проблеми со бубрезите и со срцето.


Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, кој на 17-годишна возраст играше за бразилската репрезентација на Светското првенство во 1958 година, освои три светски шампионски титули – во 1958, 1962 и во 1970 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови