Connect with us

Семејството Киеза влезе во историјата на европските првенства (ВИДЕО)

Италија успеа да се пласира во четвртфиналето на ЕВРО 2020 откако по продолженија ја елиминира Австрија со 2-1. Првиот гол на мечот во 95. минута го постигна фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза, кој на тој начин влезе во историјата на европските шампионати.


Неговиот татко Енрико постигна гол против Чешка на „Енфилд роуд“ пред 25 години, на ЕВРО 1996, две години пред да се роди Федерико. Сепак, Италијанците го загубија тој натпревар со 2-1, а ремито 0-0 против Германија во последното коло не беше доволно за да ја минат групата.


Енрико и Федерико Киеза станаа првите татко и син што постигнале голови на Европско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови