
Шпанскиот прволигаш Селта Виго го засили интересот за македонскиот репрезентативец Енис Барди, откриваат медиумите на Пиринеите. Тренерот Едуардо Куде побарал од претседателот Карлос Мурињо да го доведе Барди ова лето на „Балаидос“ како засилување за средниот ред на тимот.
Селта има поголеми амбиции за следната сезона во Ла Лига, а Енис Барди со Леванте испадна од елитното шпанско друштво, при што постои опција и за разделба. Леванте има проблеми и со подмирување на финансискиот фер-плеј, па продажбата на Барди сериозно би ги покрила „дупките“ во клупскиот буџет.
Барди беше стрелец на првиот гол за Македонија на гостувањето во Гибралтар во Лигата на нации и ја носеше капитенската лента во отсуство на Стефан Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal