Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1-0 против соодветната селекција на Бих во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”.Избраниците на селекторот Капинковски одиграа многу подобар и поквалитетен натпревар во однос на прва меѓусебна средба и успеаа да издвојуваат минимална победа буквално во последните минута од средбата.
Стрелец на победничкиот погодок на Македонија беше Хоџа во 90. минута.
На првата контролна средба, селекцијата на Босна и Херцеговина славеше победа со 3-1.

Македонија: Александар Трајков, Мухамед Мустафи, Лорент Жаку, Давид Ангелевски, Димитар Хоџа, Стефан Стаматоски, Флорент Османи, Иван Танчев, Малик Дурак, Стефан Секирски;
Резерви: Антониј Трајковски, Дарко Јовчев, Албан Рочи, Мартин Џангаровски, Матео Кесиќ, Ненад Дамјаноски, Александар Грашески, Стефан Бранковски, Христијан Јевтоски, Дамјан Буцевски, Назиф Цека, Иво Марковски;
Селектор: Димитар Капинковски;


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













