Connect with us

Селекторот со поддршка за Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!

Шокантна информација во фудбалската репрезентација на Македонија на самиот старт од подготовките за Европското првенство. Енис Барди е позитивен на коронавирус е изолиран, за среќа, без симптоми, па по неколку дена ќе направи нов ПЦР – тест со надеж дека ќе биде негативен и ќе може да се приклучи кон соиграчите.

Селекторот Игор Ангеловски на социјалните мрежи му дава поддршка на Барди и вели дека без него репрезентацијата нема да патува за Букурешт.

„Сите сме со тебе Енис Барди. Без тебе не тргнуваме за Букурешт“, напиша Игор Ангеловски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови