
МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбал во ковид-услови. Потребни се два негативни теста за да се вратите во „игра“. Ова е условот и за селекторот на Романија, Мирел Радои, вечерва да седне на клупата и да ја предводи својата селекција на мечот против Македонија, на Националната арена во Букурешт.
Радои добил еден негативен тест, дека го надминал коронаварисот, а утрово правел и втор тест. Резултатите ќе ги очекува непосредно пред мечот и доколку добие втор негативен тест, ќе му биде дозволено да седи на клупата и да ја предводи Романија.
„Два часа пред натпреварот Мирел Радои мора да има и втор негативен тест. Таков е протоколот на УЕФА. Селекторот направи утрово втор тест и се очекуваат резултатите“, откриваат од Фудбалската федерација на Романија.
Македонија вечерва го стартува квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар, на гости во Букурешт против селекцијата на Романија. Селекторот Игор Ангеловски вчера на прес – конференцијата му посака на колегата Мирел Радои добро здравје и втор негативен тест, за да ја предводи својата селекција од клупата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal