Connect with us

Селекторот на Малта суспендиран поради сексуално вознемирување на фудбалер

Фудбалската асоцијација на Малта привремено го суспендираше селекторот Девис Манџа, поради сексуално вознемирување на играч.


Италијанскиот стратег кој има 48 години, во неделата непримерно се однесувал кон еден репрезентативец на Малта и тоа било пријавено.

Манџа е оженет, но и претходно бил пријавен за сексуално вознемирување на фудбалер. Додека работеше во Романија, како тренер на Универзитатеа Крајова од 2017 до 2019 година, истотака имаше обвинувања за сексуално малтретирање на играч.

Договорот на Манџа како селектор на Малта му истекува следната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови