Брегалница на четвртата позиција ја заврши есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, првата своја по враќањето во елитното друштво.
Успешно мината полусезона за „сините“ која според стратегот Марјан Секуловски треба да биде мотив повеќе за уште подобри резултати во иднина. Осврнувајќи се на полусезоната, Секуловски нагласува дека покрај резултатскиот императив Брегалница оваа есен донесе огромна свежина на прволигашката сцена промовирајќи и голем број млади фудбалери за кои досега никој не знаеше…
„Генерално погледнато секако треба да бидеме задоволни од завршената полусезона. Брегалница после четири сезона се врати во елитното друштво, и за поголемиот дел играчи секако ова беше еден сосема поинаков предизвик многу поголем за разлика од претходното ниво. Кога се ќе се сумира, освоени 29 бода за четврта позиција, многу повеќе од некои докажани и етаблирани прволигаши, остава позитивно светло иако сега остануваат да бидат направени и детални анализи по што ќе ја имаме вистинската слика. Сигурно останува разочарувањето за некои пропуштени бодови кои ги имавме во ракав со што впечатокот ќе беше уште попозитивен, но затоа се тие анализи кои сега ќе следат за сите потфрлувања кои ќе треба да се корегираат“ – вели Секуловски.
Резултатски Брегалница може да се каже дека мина успешно, ако се знае дека е повратник во Првата лига, но факт е дека донесе и сериозно освежување во лигата со промоција на голем број млади фудбалери.
„Тоа е и основната интенција на Брегалница водено од ова раководство и стручен штаб, промоцијата и афирмацијата и на млади фудбалери. Со исклучок на неколку поискусни првотимци, се останато во тимот се момчиња од 20 до 24 години кои се и носители на играта. Македонската фудбалска јавност на сцена виде добар дел млади фудбалери кои сериозно го потврдија својот квалитет. Голманот Денковски и дефанзивецот Манев се издвоија и како стандардни младински репрезентативци, а имаме уште неколку младински репрезентативци. Сето тоа јасно посочува дека сме на вистински пат, посебно и ако се знае дека за сите тие млади фудбалери оваа полусезона беше еден вид адаптација и преод од досегашниот фудбал на едно ново ниво“ – дополнува тренерот на „сините“ во разговорот за официјалниот сајт на клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski