
Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски, е задоволен од убедливата победа на неговиот тим против прилепска Победа во 21. коло од Втората лига – Исток.
Три гола на „сините“ за победа со која се продолжува патот кон остварување на зацртаните амбиции…
„Мора да им честитам на фудбалерите затоа што одигравме еден навистина добар натпревар. Од самиот почеток максимално сериозно се пристапи кон играта, па на крајот сето тоа резултираше со предност уште во првото полувреме по кое се навестуваше победникот. Во второто полувреме не искористивме уште неколку убави можности и за поубедлива победа од 3-1. Но, најважното е реализирано, трите бода комбинирани со квалитетно издание. Тоа ќе биде наша цел и на секој следен натпревар до крајот на сезоната“, вели Секуловски.
Брегалница во следното, 22. коло од шампионатот гостува на Плачковица во Радовиш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
