Connect with us

Секуловски: Имаме респект за Шкендија, но и верба во сопствените квалитети

Брегалница ја очекува нов вистински предизвик на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. По дуелот со еден од најголемите конкуренти за титулата, тимот на Шкупи, и секогаш тешкото гостување против Скопје, утре штипскиот прволигаш го очекува пресметка со актуелниот шампион Шкендија.


По двете ремија без голови, од Брегалница иако се свесни дека претстои повеќе од тежок меч и поради лошиот старт на Шкендија во новата сезона.


Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски осврнувајќи се на двата претходни натпревари жали што е пропуштена можноста барем за уште два бода кои „сините“ ги заслужија. Но, сето тоа се остава зад себе и фокусот е на Шкендија.


„Не очекува тежок натпревар против актуелниот шампион. Јасно е дека Шкендија на секој натпревар е фаворит за бодовите. Сега дополнително мотивирани за победа доаѓаат во Штип по поразот од Ренова, но јасно е и дека воопшто нема да им биде лесно“ – вели Секуловски.


„Нема збор дека максимално го респектираме противникот, но доволно ги знаеме и сопствените квалитети кои верувам може да не одведат до позитивен резултат. Огромната поддршка од навивачите сигурно треба да биде дополнителен импулс за максимално издание на терен“, дополнува шефот на стручниот штаб на Брегалница.

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкендија од третото коло во ПМФЛ се игра утре на Градскиот стадион во Штип со почеток од 17 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови