
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини верува во успех на македонската репрезентација против Словенија во квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 вечерва во Скопје, кој треба да не однесе чекор понапред во битката за водечките две позиции во Групата Г.
„Не чека исклучително важен натпревар против Словенија. Но, мора да веруваме во себе, без страв да истрчаме на терен и секој репрезентативец да ја исполни задачата од стручниот штаб. Оваа репрезентација научи дека не треба да се задоволува само со споредна улога на интернационалната сцена, туку секогаш да бара нови предизвици. Натпреварот со Словенија е голема шанса да се потврди тоа и со поддршка од навивачите да дојдеме до победа која ќе ни донесе дополнителен поттик за финишот од квалификациите. Јас, искрено верувам во успех“ – вели Сејдини во очекување на натпреварот против Словенците.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија во 7. коло од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020 се игра на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
