
Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини, преку соопштение до јавноста јавно се заблагодари до сите оние кои дадоа поддршка и имаа свој придонес во целокупниот квалификациски циклус за ЕП 2020.
Пораката од првиот човек на ФФМ ја пренесуваме во целост:
Во име на Фудбалската федерација на Македонија и свое лично би сакал да упатам благодарност до сите кој дадоа придонес за успешната организација на натпреварите од квалификациите за Европското првенство 2020. година.
Исклучително ми е драго што заедно со Вас, навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација создадовме прекрасна атмосфера и на вистински начин ја потврдивме поврзаноста кон фудбалот и спортот воопшто.
Ви благодариме!
Би сакал да упатам искрена честитка до фудбалерите од нашиот најдобар национален состав за игрите и резултатите кои ги остварија во последниот квалификациски циклус за ЕУРО 2020. Многу е важно што фудбалерите веруваат дека можат, знаат колку се квалитетни, а со поддршка и навивање се подготвени за голем резултат.
Треба да продолжиме да веруваме во себе.
Благодарност до Министерството за Внатрешни работи и сите служби кои одлично ја завршија својата задача пред, за време и по натпреварите и им дадоа максимална помош на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, целата организација на натпреварите да помине без проблеми.
Исклучително ни е чест што добивме поддршка од државните институции и високите гости кои ги следеа натпреварите на македонската репрезентација покажувајќи на тој начин голема почит кон фудбалот и спортот воопшто.
Ви Благодариме! Благодарност до навивачите и љубителите на фудбалот – ова беа квалификации на кои сите можеме да бидеме горди!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
