
Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, во Приштина беше гостин на првиот човек на косовскиот фудбал, Агим Адеми.
Како што е наведено на официјалната страница на Косовската Фудбалска Федерација, на средбата е дискутирано за координација меѓу двете федерации, за што подобра организација на баражот за влез на ЕП 2020 што ќе се игра во март во Скопје. Воедно, Адеми побарал и зголемување на бројот на влезници за гостите, се со цел репрезентативците на Косово да имаат што поголема поддршка на Националната Арена „Тодор Проески“.
Двајцата председатели разговарале и за други специфики за организирање на овој натпревар, како и за продлабочување на соработката помегу двете федерации.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово ќе се игра во Скопје на 26 март. Победникот на овој дуел потоа во финалето од групите Д од Лигата на Нации ќе гостува на подобриот од дуелот Грузија – Белорусија, а победникот од ова финале ќе обезбеди пласман на ЕП 2020.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа
