Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, оствари официјална средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, во седиштето на Светската фудбалска асоцијација во Цирих. Toj ја потврдил поддршката која нашата федерација ја добива од ФИФА, потенцирајќи дека Светската фудбалска асоцијација ќе остане цврст партнер на ФФМ, информира федерацијата на официјалниот сајт.
Муамед Сејдини, претседател на ФФМ изјави дека федерацијата е исклучително горда и среќна што во ФИФА има одличен партнер.
„Благодарност до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за срдечниот прием и поддршката со која уште еднаш потврдуваме дека ФИФА е цврст партнер на ФФМ и продолжува да ја поддржува нашата фудбалска стратегија.
ФИФА и претседателот Џани Инфантино многупати досега ја искажуваа својата поддршка за Фудбалската федерација на Македонија и затоа цврсто веруваме во стратегијата и мисијата на ФИФА под водство на г. Инфантино. ФФМ ќе продолжи да дава придонес за идеите, сегашните и идните проекти на ФИФА кои секогаш се усмерени кон развој на фудбалот.
Разговаравме за македонскиот фудбал и проектите кои се насочени за негов развој. Ги потенциравме нашите заложби за подобрување на инфраструктурата, зголемување на фудбалската база и континуираното вложување во академиите и националните тимови. Кога ќе погледнеме наназад, гледаме и грешки – каде што се луѓето, секогаш ќе се случуваат и грешки, но најважно е да учиме од нив. Она што без двоумење можам да го кажам е тоа што секој чекор кој ФФМ го направи во изминатата година е воден со чесна намера и во правец на развој на фудбалот. И тоа во разговорот му го кажав на г. Инфантино. Се разбира, голема помош добиваме од ФИФА, посебно преку програмата FIFA Forward, преку која вложуваме во развој на фудбалот.
Мене ми е драго што и малите федерации, како нашата се повикани да го кажат своето мислење и сугурен сум дека можеме да најдеме решение кое ќе биде добро за сите, а претседателот Инфантино покажува дека знае да пронајде вистинска рамнотежа.
Од име на ФФМ благодарност до г. Инфантино за убавите зборови искажани за нашата федерација и се надевам дека и во иднина ќе работиме уште повеќе за промоција и унапредување на фудбалот“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, за официјалниот сајт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski