Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им посака многу среќа на клубовите во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Сејдини пред денешната ждрепка за двојките во новата сезона, истакна дека клубовите се столбот на федерацијата поради што ФФМ апсолутно и во иднина ќе продолжи со максимална поддршка како единствен начин за унапредување на фудбалската игра на домашната сцена.
„Вие сте столбот на федерацијата и затоа е нашата определба комплетните ресурси да ги насочиме како ваш сервис за создавање што подобри услови за работа. Сакам да ви посакам успешна сезона, посакувам позитивна фудбалска атмосфера на сите стадиони, фер-плеј и квалитетен фудбал“ – истакна претседателот Сејдини, притоа заблагодарувајќи се на сите кои овозможија постигнување договор со Арена Спорт за емитување на натпреварите од Првата лига.
„Јавно се заблагодарувам на спортската редакција на МТВ која допринесе да се постигне договор со Арена Спорт за емитување на натпреварите од Првата лига. Сето тоа многу значи за промоцијата на фудбалот и во регионот, сето тоа многу значи и за клубовите, и верувам ќе допринесе за подигнување на квалитативното ниво на фудбалот“ – истакна Сејдини.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski