
Шкупи е есенски првак, неприкоснивен лидер во Првата фудбалска лига по првиот дел од шампионатот. Тимот од Чаир убедливо го доби и последниот меч против Борец и ја задржа предноста од седум бода пред Академија Пандев и осум пред Шкендија на врвот на табелата.
Тренерот Гоце Седлоски е задволен од оствареното, но и потенцира дека ништо не е завршено кога е во прашање трката за шампионската титула.
„Овие резултати несомнено се заслуга на сите. На крајот на првата половина од оваа сезона би сакал да им се заблагодарам на сите за нивната добра работа, почнувајќи од фудбалерите, стручниот штаб, моите помошници, претседателот на клубот и сите оние кои напорно работеа како дел од клубот сите овие месеци за да бидат тука каде што сме, на првото место. Посебна благодарност до нашите навивачи кои беа присутни на секој наш натпревар и навистина беа наш 12-ти играч. Исклучително сум среќен што го завршивме првиот дел од сезоната на врвот на табелата, но ништо не е готово бидејќи има уште многу што да се покаже. Сега одиме на пауза и би сакал играчите да се одморат и да се вратат уште посилни, бидејќи ни претстои долг пат и уште многу работа“, изјави Гоце Седлоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
