Connect with us

Седлоски: Шкупи е подготвен за европскиот предизвик

Македонскиот вицепрвак Шкупи е подготвен за првото европско искушение и дуелот против косовскиот тим Лапи во Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Чаир првиот меч утре го игра на домашен терен, на арената „Тодор Проески“, а тренерот Гоце Седлоски верува во успех на својот состав.


„Имаме квалитетен тим, засилувањата добро се вклопија и мислам дека сме добро подготвени за европскиот предизвик. Го респектираме противникот, никако нема да дозволам да го потцениме, а би сакал да го прикажеме нашето најдобро издание“, вели тренерот Гоце Седлоски.


Искусниот голман Кристијан Наумовски истакна дека Лапи не е ривал што треба да се потцени.


„Фаворити сме на хартија, но Лапи не смее да се потцени. Треба да ги сведеме нашите грешки на минимум и да оствариме победа без примен гол“, изјави Наумовски.


Шкупи утревечер (20 часот) ќе го пречека Лапи на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови