
Најтрофејниот македонски клуб Вардар утревечер ја пречекува Лозана во воведниот дуел од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Тренерот Гоце Седлоски верува дека Вардар може да одигра на високо ниво на утрешната пресметка. Респект има кон Лозана, но не и страв.
“Против себе имаме добар противник. Мораме да бидеме свесни дека нѐ очекува тежок меч во овие први 90 минути во Скопје. Швајцарскиот фудбал напредува и имаат силна лига. Имаме респект, но треба да излеземе, да покажеме карактер. Се зависи како противникот ќе ни дозволи да играме. Се надевам дека нашите момци кои ќе излезат на теренот ќе го дадам максимумот и ќе имаме добар резултат пред реваншот кој е во Лозана за седум дена. Не сакам да кажувам со кој резултат ќе бидам задоволен, бидејќи има уште 90 минути ккои ќе се играат во Лозана. Утре нека победи тој што е подобар“, изјави Гоце Седлоски.
Тренерот на Лозана, Петер Цајдлер, очекува добар меч, но не вели дека неговиот тим е фаворит.
„Се надевам дека ќе имаме добар меч утре. Во изминативе две недели го анализиравме Вардар. Знаеме дека имаме силен ривал против нас. Во Швајцарија има многу Македонци кои работат и живеат таму, па и во таа смисла оцие две земји се поврзани“, вели Цајдлер, кој додаде дека и покрај пеколните температури во Скопје, се е одлично организирано.
Се е добро организирано. Ме импресионираше тоа што се е во црвено-жолта боја, во знакот на Македонија. Теренот е одлично подготвен и иако температурите се малку повисоки, условите се одлични. Не се чувствуваме како фаворити. Како на секој професионален меч, шансите се 50-50“, истакна стратегот на Лозана.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
