
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, е подготвен да направи уште еден чекор на меѓународната сцена. По речиси децениско отсуство од европските натпреварувања, „црвено-црните“ се вратија со стил, и сега се на чекор до второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
По сигурната победа од 3-0 во првиот дуел со Ла Фиорита, избраниците на тренерот Гоце Седлоски отпатуваа во Сан Марино со самодоверба, но и со целосен фокус. Вардаровиот стратег е решен – нема простор за опуштање.
Го потврди тоа и пред денешниот официјален тренинг.
„Уште по мечот во Скопје им порачав на играчите – опуштање не постои. Видовме како испаѓаат тимови кои мислат дека се веќе во следната рунда. Резултатот од 3-0 не смее да нè залаже. Свесни сме за сè, и ние како стручен штаб, и играчите. Иако ќе недостигаат тројца или четворица клучни фудбалери, оние што ќе истрчаат на теренот ќе дадат сè од себе,“ изјави Седлоски.
Тој додаде дека дел од играчите првпат се соочуваат со европски натпревари, но дека никој нема да биде потценет.
„Вакви мечеви знаат да бидат клопка. Влегуваме како да е 0-0. Подготвени сме да го засилиме темпото ако биде потребно“, потенцираше тренерот.
Реваншот меѓу Ла Фиорита и Вардар ќе се игра в четврток, со почеток од 21 часот. Победникот од оваа пресметка ќе се соочи со швајцарскиот тим Лозана во следната рунда. Вардар е решен да ја продолжи својата европска приказна – со страст, дисциплина и карактер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
