
Шкупи се пласира во втората рунда од Конференциската лига на УЕФА откако го елиминира косовскиот тим Лапи со вкупен резултат 3-1. По триумфот во Скопје од 2-0, тимот на Гоце Седлоски ремизираше 1-1 во Приштина.
Голот за Шкупи го постигна Али Адем во 78. минута, додека Лапи возврати преку Дрилон Фазлиу шест минути подоцна.
Тренерот Гоце Седлоски е среќен за пласманот во следното европско коло и вели дека тимот сега треба подобро да се подготви за двомечот со португалскиот претставник Санта Клара.
„Ова е важен успех за клубот и радост за нашите навивачи, бидејќи Шкупи долго време не остварил ваков резултат. Најважно е што ќе продолжиме во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА и треба добро да се подготвиме за дуелите со Санта Клара. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа од Скопје да не бодрат во Приштина. Како што кажав и претходно, Лапи се покажа како силен ривал. Генерално, не сум многу задоволен од играта во првото полувреме, но во вториот дел момци започнаа да играат подобро, создадовме неколку изгледни шанси. Сега не очекуват дуели против тим со голем квалитет, играме против Санта Клара од Португалија и ќе треба да бидеме на многу повисоко ниво. Сега да се одмориме, а потоа посакуваме нови победи“, изјави Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи.
Шкупи на 22 јули во првиот натпревар од второто коло во Конференциската лига на УЕФА ќе ја пречека Санта Клара на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
