Connect with us

Седлоски: Нема еуфорија, одиме во Приштина да одиграме уште подобро

Македонскиот вицепрвак Шкупи славеше со 2-0 против косовскиот тим Лапи во првиот меч од премиерната рунда во Конференциската лига на УЕФА. Тоа е и прва европска победа за Гоце Седлоски на кормилото на тимот од Чаир. Тој смирува, вели дека не е потребна еуфорија, а се надева дека за седум дена Шкупи во Приштина ќе одигра уште поквалитетно.

„Честитки за фудбалерите за остварената победа. Исто така честитки и до тимот на Лапи за фер и коректната игра. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, се подготвувавме напорно и мислам дека одигравме на ниво. Но, може и многу подобро, не треба да заборавиме дека овој тим е заедно само три седмици. Нема еуфорија, стоиме цврсто на земја затоа што има и реванш во Приштина. Таму треба да одиграме уште подобро“, изјави Гоце Седлоски.

Реваншот ќе се одигра на 15 јули на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови