Шкупи загуби од Динамо Загреб (0-1) и доживеа елиминација од Лигата на шампионите. Стрелец на победничкиот гол за „модрите“ беше Аријан Адеми, на асистенција на Лука Менало.
Тренерот Гоце Седлоски вели дека е горд на изданието на Шкупи, а потенцира дека искуството и квалитетот на Динамо пресудиле.
„Горд сум на мојот тим, иако загубивме. Сепак, не се посрамивме. На Динамо Загреб му честитам за минималниот триумф и му посакувам да влезе во групите од Лигата на шампионите. Искрено, малку му е криво затоа што им кажав на полувремето на фудбалерите да припазиме во првите пет минути, и ете тогаш ни дадоа гол“, изјави Гоце Седлоски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski