Шкупи повторно има четири бода пред најблискиот конкурент на врвот на табелата во Првата лига. Тимот од Чаир ја совлада Струга Трим Лум со 4-0 во 15.коло од Првата фудбалска лига, а сите четири гола беа постигнати во второто полувреме.
Тренерот Гоце Седлоски вели дека неговиот тим во првиот дел играл многу нервозно, но затоа поделил совети да се игра многу помирно во второто полувреме. Тогаш дојдоа и головите.
„Честитки за фудбалерите кои одиграа одличен натпревар. Задоволен сум од победата и од изданието на тимот. Во првиот дел игравме под голем притисок и бевме нервозни, но успеа да го смирам тимот на полувремето и потоа заигравме многу подобар фудбал во продолжението. Мислам дека победата е заслужена, а голема благодарност за поддршката и до навивачите“, изјави Гоце Седлоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













