Connect with us

Седлоски: Бевме одлични тактички, треба и подобро да ги користиме шансите

Вардар одигра одличен меч, ја победи Лозана со 2-1, и направи чекор напред кон третото квалификациско коло во Конференциската лига.

Тренерот Гоце Седлоски е задоволен, вели дека тимот одигра одлично тактички, но и жали за уште некоја пд неискористените шанси.

“Честитки за момците, одиграа одличен меч. Тактички бевме речиси совршени, освем во првите десетина минути од второто полувреме. Ова е голема победа за Вардар, сакам да им се заблагодарам и на навивачите, тие беа наш 12-ти играч вечерва, а фудбалерите им подарија победа. Веднаш да кажам, Лозана и натаму е фаворит, не очекува и реванш во Швајцарија каде ќе играме и на поинаква подлога, на терен со вештачка трева. Ќе се подготвиме добро, затоа што не очекуваат уште 90 минути. Имавме навистина неколку одлични шанси и веројатно треба подобро да ги користиме сите можности кои ни се пружаат во Европа”, изјави тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови