
Дебитантот во Лигата на шампионите, Себастијан Халер, постигна четири гола во дресот на Ајакс на гостувањето кај Спортинг во Лисабон и влезе во историјата на елитното европско натпреварување. Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, кој дојде во Ајакс од Вест Хем, е само вториот фудбалер во историјата што дебитирал во Лигата на шампионите со четири гола.
Пред него, тоа му успеа само на славниот Холанѓанец Марк ван Бастен во дресот на Милан против Гетеборг во ноември 1992 година. Со таа разлика што Ван Бастен тогаш „дебитираше“ бидејќи таа сезона и официјално беше формирана Лигата на шампионите. Тој претходно се надава голови во Купот на шампионите во дресот на „росонерите“, а ја освои и титулата европски шампион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski