Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, признава дека не му е лесно да го избере стартниот состав и дека има главоболки пред секој натпревар. Англичаните имаат одлична можност да го обезбедат првото место во групата и директен пласман на Светското првенство со евентуална победа над Унгарија вечерва, што секако се очекува од една од најквалитетните селекции на континентот.
„Имам главоболка секој пат кога го составувам тимот и се чувствувам како да признавам злосторство кога ги избирам стартните 11. Тоа е многу тешко, бидејќи имаме толку добри играчи и силна конкуренција на секоја позиција. Играчите се во врвна форма, имаат самодоверба и својата репутација, а тоа е нешто што сите нас не прави исклучително среќни“, изјави Саутгејт.
Англија е првопласирана во групата И, без пораз, со шест победи и само едно реми о досегашните седум кола од квалификациите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













