Connect with us

Саутгејт: Многу репрезентации испаднаа затоа што го немаат духот што го има Англија

Англискиот селектор Герет Саутгејт по убедливиот триумф над Украина (4-0) потенцираше дека духот на целата група е тоа што ја издвојува неговата репрезентација од останатите. Благодарение на двата гола на Хари Кејн и по еден на Хари Мегваер и на Џордан Хендерсон, Англија се најде во полуфиналето на ЕВРО за првпат по 25 години.


Саутгејт го поздрави колективниот дух на тимот како причина за нивниот напредок.

„Приредивме фантастично шоу, не само играчите кои започнаа, туку и играчите кои влегоа во игра подоцна. Исто така, јас всушност размислувам за играчите што ги оставив надвор од тимот кои не излегоа на теренот. Тие се исто толку голем дел од она што сите ние го правиме. Тешко е да се задржи група од вакви димензии да остане среќна, сите да се чувствуваат ценети. Овие момци беа феноменални во начинот на кој се жртвуваа за групата. Затоа сме во полуфиналето. Квалитетот на нашата игра е важен, но видов дека многу репрезентации испаднаа затоа што го немаат духот на овие момци“, истакна англискиот селектор.

Англија сега ја очекува полуфинален натпревар против Данска в среда на „Вембли“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови