
Англија и Словачка се среќаваат на „Велтинс Арена” во Гелзенкирхен во 18 часот во третиот од осминафиналните дуели на ЕВРО 2024. Победникот од овој натпревар ќе се соочи во следната фаза од турнирот со Швајцарија, која вчера го детронизира европскиот шампион Италија.
Англичаните имаат апсолутна доминација во директните дуели, имајќи пет победи и едно реми во шесте последни натпревари против Словачка.
Герет Саутгејт направи само една промена од натпреварот со Данска. 19-годишниот талент на Манчестер Јунајтед, Коби Мејну, кој досега има само пет натпревари за националниот тим, добива шанса да започне на местото на Конор Галахер во средниот ред.
Ready for the Round of 16! 🫡 pic.twitter.com/PmveLPu4hE
— England (@England) June 30, 2024
Фил Фоден, кој оваа недела се врати во Англија поради раѓањето на неговото трето дете, исто така започнува како стартер.
Франческо Калцона се одлучи за истиот тим што започна и на натпреварот со Романија.
Ова значи дека Давид Стрелец повторно е избран како напаѓач пред Боженик. На крилните позиции се Шранц и Хараслин.
Англија: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Гуехи, Трипие, Рајс, Мејну, Белингам, Сака, Кејн, Фоден.
Словачка: Дубравка, Пекарик, Вавро, Шкриниар, Ханко, Куцка, Лоботка, Дуда, Шранц, Стрелец, Хараслин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ферлан Менди ќе паузира до октомври

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
