
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство. Македонија на 19 јуни ќе му гостува на гордиот Албион на „Олд Трафорд“.
Сем Џонстон, Џордан Пикфорд и Арон Рамсдејл се на голманските позиции, додека во одбраната се Трент Александер-Арнолд, Луис Данк, Марк Гуеи, Хари Мегваер, Тајрон Мингс, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипие и Кајл Вокер.
Средниот ред го предводат Џуд Белингам, Еберечи Езе, Конор Галахер, Џордан Хендерсон, Калвин Филипс и Деклан Рајс, а во офанзивата Герет Саутгејт ќе смета на Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Џејмс Мeдисон, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Калум Вилсон.
Натпреварот меѓу Англија и Македонија се игра на 19 јуни на „Олд Трафорд“ од 20.45 часот.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП
