Англискиот првак Ливерпул три меча нема победа во Премиер – лигата, а да бидат маките за Јирген Клоп поголеми, вечерва загуби на гости против Саутемптон со 1-0. Дени Ингс беше стрелец на победничкиот гол за домашниот состав уште во третата минута од мечот. Тој со феноменален лоб удар успеа да го совлада Алисон Бекер и донесе предност, а немаше промена на резултатот до самиот крај.
Нападот на Ливерпул не функционира најдобро во последно време, се обидоа Мане, Салах и Фирмино, но мрежата на Саутемптон остана да мирува до крајот.
Ливерпул и натаму е првопласиран со 33 бода, но има еден одигран меч повеќе од Манчестер Јунајтед кој би можел да го преземе врвот доколку на 12 јануари го совлада Барнли на гости.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













