Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, планира да понуди 10 милијарди евра за шпанскиот фудбалски клуб Барселона, објави новинарот на „Ел Чирингито“, Франсоа Гајардо, на социјалните мрежи.
Сепак, се истакнува дека членови на клубот кои учествуваат во претседателските избори можат да ја блокираат продажбата. Жоан Лапорта претходно најави дека нема да се кандидира за нов мандат како претседател на Барселона по 2027 година.
63-годишниот Лапорта е претседател на Барселона од 2021 година, а претходно го водеше клубот и од 2003 до 2010 година.
Во негова ера тимот освои шест титули во Ла Лига, три Купа на Шпанија, четири Суперкупа на Шпанија, двапати Лигата на шампионите, еден Суперкуп на УЕФА и Светско клупско првенство на ФИФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













