
Саудиска Арабија почнува да гради ново чудо, стадион на врв на карпа висока 200 метри над Ријад.
Стадионот ќе биде изграден за потребите на Светското првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во оваа блискоисточна земја. Ќе има 45.000 седишта и ќе го носи името на принцот Мохамед бин Салман.
Денеска беше претставен концептот на овој стадион. Инвестициската компанија „Киддија“, која е задолжена за изградба на стадионот, нагласува дека зградата ќе има покрив и терен што ќе се повлекува и извлекува по потреба, како и стотици метри ЛЕД ѕид.
ЛЕД ѕидот е дизајниран да отвори поглед на градот долу.
Инвестициската компанија Qiddiya (QIC) е во целосна сопственост на Саудиска Арабија, односно Фондот за јавни инвестиции управуван од самиот Бин Салман. Истиот фонд е сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл.
Future Mohammad Bin Salman stadium in SAUDI ARABIA, Qiddiya city pic.twitter.com/USquzhoRiU
— Masoom Anjaan (@MasoomAnjaan4) January 16, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
