Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор е голема желба на Ал-Хилал, шампионот на Саудиска Арабија. Челниците на овој клуб и на саудиската лига, на Реал Мадрид му понудиле 400 милиони евра отштета за да го купат Бразилецот. Тоа е речиси двојно повеќе од актуелниот светски рекорд за најскап трансфер кој сѐ уште го држи ПСЖ за ангажманот на Нејмар, кога плати 222 милиони евра.
Реал Мадрид нема потреба да го продаде Винисиус, ниту пак тој сака да замине во Саудиска Арабија во најдобрите години од својата кариера, иако тоа би го направило најплатениот играч на планетата и, заедно со Кристијано Роналдо, амбасадор на лигата и државата во борбата за организација на Светското првенство во 2034 година.
Саудијците директно разговарале со генералниот менаџер на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез и му ја соопштиле понудата. Сепак, тој ги информирал дека откупната клаузула на Винисиус е една милијарда евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













