
Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема, нема да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок и покрај неговата желба да се врати во Европа. Французинот не се појави на почетокот на зимските тренинзи и тренерoт Марсело Галјардо привремено го отстрани од тимот.
Ова веднаш ги поттикна шпекулациите дека поранешната ѕвезда на Реал Мадрид наскоро би можела да биде продадена. Се зборуваше за интерес од Челси и од Манчестер Јунајтед.
Сепак, шефовите на саудискиот суверен фонд за јавни инвестиции и Министерството за спорт инсистираат Бензема да остане во Ал-Итихад. Носителот на „Златната топка“ е важен дел од стратегијата за развој на саудискиот шампионат.
Бензема му се приклучи на Ал-Итихад како слободен играч минатото лето. Од почетокот на сезоната има 24 настапи и 15 голови во сите натпреварувања.
Договорот на Французинот со клубот е до 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
