Босанскиот прволигаш Сараево е заинтересиран да го доведе Бруно Акраповиќ за нов тренер откако се раздели со досегашниот стратег Горан Саблиќ. Тој во моментов ја предводи Шкендија, но како што истакнуваат босанските медиуми, има џентлеменски договор со тетовскиот клуб дека може да замине доколку добие примамлива понуда.
Поранешниот репрезентативец на БиХ изгради респектабилна тренерска кариера, особено во Бугарија. Таму го освои Купот со Локомотив Пловдив, а ЦСКА ја остави на првото место во моментот на напуштање на клубот, заминувајќи поради несогласување со претседателот.
Шкендија по есенскиот дел од сезоната има осум бода негатива во однос на лидерот Шкупи. Сараево се наоѓа на четвртата позиција во првенството на БиХ со десет бода негатива во однос на лидерот Зрињски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













