Португалија не победи против Србија во Белград поради големата грешка на судиите предводени од Дани Макели кои не признаа регуларен погодок на Кристијано Роналдо во последните моменти од мечот. Топката ја мина гол – линијата, Митровиќ потоа ја врати во игра со лизгачки старт, а тоа Дани Макели го видел дури на видео-снимка по завршувањето на мечот.
Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, вели дека судијата му се јавил да се извини.
„Судијата Дени Макели се извини по натпреварот. На теренот кога заврши натпреварот рече дека ќе ги види снимките, и ако е гол ќе се јави да се извини. Така и беше. Судиите можат да згрешат, но затоа мора да има ВАР и на овие натпревари“, изјави селекторот на Португалија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













