
МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) ќе ги одмери силите против Грузија во претпоследниот меч од годинашното издание на Лигата на нации. По триумфот во Скопје (0-3), на Грузијците им е доволен и бод за да го осигураат првото место, но селекторот Вили Сањол ја истакна желбата за нов триумф.
„Не смееме да го започнеме мечот со мисла дека ни треба бод за прво место. Но, ако сакаме победа мораме да бидеме квалитетни на секој дел од теренот. Почнувајќи од одбраната .Имавме само еден заеднички тренинг пред овој натпревар. Без задоволен од тоа што го видов. Мечот ќе биде на високо ниво, со голем интензитет. Ќе видиме колку ќе биде поразличен од јунскиот за нас или за Македонија“, вели Сањол.
За него, Македонија е одличен ривал.
„Не само што играа на ЕП, туку ова е селекцијата која ја елиминираше една Италија од учество на следното Светско првенство. Тоа е репрезентација која дава одлични резултати во последните две години“, истакна селекторот на Грузија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
