
Сандро Тонали ја дозна конечната форма на казна што му е изречена за неговата вмешаност во нелегално обложување. Вкупната санкција договорена со обвинителството е 18 месеци, но играчот од средниот ред нема да игра фудбал десет месеци. Останатите осум месеци ќе се опслужуваат преку задолжителни алтернативни активности. Тие вклучуваат третман за зависноста од коцкање на Тонали и неговото учество на јавни настани – 16 состаноци организирани од федерацијата на кои тој мора да зборува со младите играчи за неговите проблеми со коцкањето.
Забраната важи за сите натпреварувања, што значи дека Сандро Тонали ќе може повторно да игра фудбал за Њукасл на крајот на август следната година. Тој сигурно ќе го пропушти и финалето на ЕП 2024, доколку Италија се квалификува.
Претседателот на италијанската федерација Габриеле Гравина официјално го потврди она што веќе го објавија медиумите од Апенините.
„Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација и Тонали постигнаа договор, кој веќе го одобрив. Тој се состои од десетмесечна забрана, плус осум месеци активности за рехабилитација и најмалку 16 јавни настапи. Правилата предвидуваат забрана од неколку години, но може да има договор за признавање на вина и олеснителни околности. Момците соработуваа над очекувањата, па ќе продолжиме да ги следиме правилата што ги усвоивме“, изјави Гравина за „Скај Спортс Италија“.
Тонали призна дека се обложувал на натпреварите на Милан и Бреша додека имал договори со тие клубови. Сепак, тој секогаш се обложувал на победи на неговите тимови.
Тоа е втора казна во скандалот со италијанските фудбалски обложувалници, откако играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли веќе доби седум месеци суспензија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
