Повратникот во Борусија Дортмунд, Џејдoн Санчо, кој дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед, по успехот над Дармштад изјави дека од првиот ден кога се вратил, се чувствувал како дома.
„Веќе го кажав тоа од првиот момент кога се чувствувам како дома. Едноставно сум среќен што се враќам на теренот“, изјави Санчо за „Скај Спортс“ по своето второ деби за вицешампионот во Бундес-лигата.
Тој асистираше за голот на Марко Ројс во победата од 3-0.
„Мојата цел е само повторно да бидам среќен, да се вратам на теренот, да се обидам да му помогнам на тимот, да влеземе во Топ 3 и да се квалификуваме за Лигата на шампионите следната година. Имам и лична цел. Нема да ја кажам сѐ уште, но јас само сакам да му помогнам на тимот. Оптимист сум за тимот, ќе се бориме за бодови на секој натпревар“, заклучи Санчо.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












