Connect with us

Сампдорија го враќа Дејан Станковиќ во Серија А?

Дејан Станковиќ би можел да си замине од Црвена звезда и да се врати во Италија. Тренерот на „црвено-белите“ добил конкретна понуда од Сампдорија и е блиску до одлука да се врати на Апенините.


Сампдорија бара нов тренер поради серијата очајни резултати, а раководството по последниот пораз од Болоња и дефинитивно реши да именува нов стратег. Актуелниот тренер Роберто Д’Аверса доби уште една шанса пред се затоа што се чека разврската околу Станковиќ и Црвена Звезда.

Сампдорија го сакаше Станковиќ и ова лето, но сега ситуацијата е уште посериозна, бидејќи тимот е во неволја и итно има потреба од нов кормилар. Од друга страна, Станковиќ има силен договор во Црвена звезда и не може така лесно да си замине од стадионот „Рајко Митиќ“.

Според информациите Сампдорија не дала никаков рок, се чека Станковиќ и неговата конечна одлука и потенцијално враќање во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови