Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, очекува тимот да покаже поинакво лице по паузата во Бундес – лигата за репрезентативните натпревари. Баварците се во серија од четири натпревари без успех во првенството. Ова доведе до шпекулации за иднината на тренерот Џулијан Нагелсман, но засега раководството му даде доверба.
„Разговаравме со Џулијан Нагелсман за почетокот на сезоната, вклучувајќи ги и позитивните страни, бидејќи освен поразот од Аугсбург имаме многу постигнати голови и две чисти мрежи во Лигата на шампионите“, изјави Салихамиџиќ.
За Баерн следат натпревари со Баер Леверкузен, Плзен и со Борусија Дортмунд.
„Ќе покажеме поинакво лице по репрезентативната пауза. Очекувам интензитет, глад и желба за победа на секој меч. Потребна ни е и подобра реализација на создадените шанси“, додаде Салихамиџиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













