
Салернитана пред два дена официјално објави дека Давиде Никола веќе не е тренер на овој клуб бидејќи доби отказ по серијата лоши резултати, но утринава медиумите во Италија пишуваа дека дошло до неочекуван пресврт. Тие сакаат да го вратат Давиде Никола на клупата.
Салернитана не игра во најдобра форма во последно време, бидејќи овој клуб нема победа од 30 октомври кога го шокираше Лацио на гостински терен и славеше со 3-1.
По продолжението на сезоната, Салернитана одигра три натпревари во Серија А, но успеа да освои само еден бод.
Викендов овој тим доживеа вистински дебакл во Бергамо бидејќи Аталанта ги победи со 8-2, а набрзо потоа челниците на клубот решија да реагираат и во понеделникот објавија дека Давиде Никола веќе не е тренер на Салернитана.
Во Салерно напорно работат да најдат нов тренер и разговарале со неколку кандидати, но не се согласиле со тоа што им го понудила Салернитана.
Сепак, утринава медиумите во Италија ги изненадија сите со информацијата дека Салернитана подготвува неверојатен потег само два дена откако Давиде Никола доби отказ.
„Газете дело Спорт“ објави дека клубот жали што го отпуштил Давиде Никола бидејќи не очекувале дека ќе биде толку тешко да се најде замена за него и се подготвени повторно да разговараат со него за повторно да го води тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
