
По контроверзниот натпреварот меѓу Јувентус и Салернитана (2-2) на кој му беше поништен гол на домаќинот во последните мигови од дуелот, а се испостави дека згрешија и судиите во ВАР-собата, претседателот на Салернитана, Данило Јерволино понуди решение.
Имено, Јерволино предложил повторно да се одигра натпреварот од Серија А меѓу овие два тима.
„Доколку „бјанконерите“ сакаат да се повтори натпреварот, ние немаме проблем со тоа“, изјави Јерволино за италијанските медиуми.
По мечот со Јувентус, Салернитана освои бод (2-2), па ваквата реакција на претседателот на клубот е вистински пример за спортски фер-плеј, со оглед дека доколку се преигра натпреварот, играчите од Салерно ќе имаат тешка задача да го повторат истиот резултат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal