Connect with us

Салернитана го отпушти Инзаги и го доведе Фабио Ливерани за нов тренер

Филипе Инзаги доби отказ од италијанскиот калчолигаш Салернитана по серијата лоши резултати. Салернитана е заглавен на дното на табелата со само 13 освоени бодови, а на последните пет натпревари има само еден освоен бод.

Поразот од Емполи во петокот беше последниот меч за Инзаги. Салернитана го отпушти Инзаги по само четири месеци на клупата. Легендарниот Пипо го презеде клубот во октомври, но не успеа да го издигне над зоната за испаѓање, па разделбата беше неизбежна.

Нов тренер на Салернитана ќе биде Фабио Ливерани, кој претходно ги водеше Калјари, Парма, Лече, Тернана, а на почетокот на тренерската кариера и Џенова.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови