Напаѓачот Мохамед Салах, замина во Египет на обврски со националниот тим, но и понатаму во мислите му е Ливерпул и лошите резултати на „црвените“ во последниот период. Тој очекува Ливерпул да го подобри пласманот до крајот на сезоната во Премиер – лигата и да избори пласман во Лигата на шампионите.
„Задоволен сум од нашите резултати на последните натпревари, се надевам дека можеме да продолжиме да победуваме. Тешко е за сите нас поради моменталната ситуација и нашето место на табелата во Премиер – лигата, но верувам дека сè ќе се реши. Ние одиме добро во Лигата на шампионите. Не сакам да разговарам за мојата игра оваа сезона, бидејќи ние сме тим, па затоа би рекол дека сите имаме тешка сезона. Треба да одиме напред и да се обидеме да победиме на натпревари. Ќе дадеме 100% на следните натпревари и, се надевам, ќе можеме да продолжиме да прикажуваме добри изданија во Лигата на шампионите“, изјави Салах.
Во моментот, Ливерпул се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер – лигата со 46 бода. Тимот на Јирген Клоп се надева дека сепак ќе дојде до позиција која води во Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski